Од денес промена на времето: Еве што не очекува



Денес (12.12.2016) поради продор на студена воздушна маса од север облачноста во Македонија ќе се зголемува со што ќе започне да дува умерен, Долж Повардарието засилен ветер од северен правец.


Ќе има и локално провејување на снег особено во доцните попладневни и во вечерните часови.

На некои пониски места ќе има услови за проврнување на дожд и снег.


Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 5 степени.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 12 степени меѓутоа во доцните попладневни и во вечерните часови ќе започне да опаѓа.


Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ, meteomax.mk!