Очигледно не му се допаѓам толку многу, штом не ме кани на состанок



Тој не сака да го уништи вашето пријателство? Ова оправдание не издржува никаква критика. И не зборувајте дека тој едноставно се ‘плаши’. Единствено од што се плаши, е да се признае дека не го привлекувате.


Сигурно тој не се решава да го направи првиот чекор. Вие може да му навестите на мажот дека чувствувате кон него симпатија, но не треба да му помагате да ве покани на средба. Тоа дека ќе му се насмевнете и ќе му трепнете со десното око разиграно треба да е сосема доволно.

Од друга страна може тој да не сака да избрзува. Ако ма мажот му се допаѓате, но постои длабока лична причина поради која тој не сака да избрзува, тој ќе ви го каже. На него му е потребно уверување дека нема да се разочарате и исчезнете од неговиот живот.


Бидете сигурни, дека вие сте му направиле впечаток. А сега оставете ги работите како се. Ако ви се допаѓа, тој ќе се сети на вас, дури и по цунами, поплави или губење на националниот фудбал. Секое оправдување од негова страна значи дека не го интересираш. Мажите не се плашат да го ‘разрушат пријателството’. Ако му се допаѓате сам ќе ве покани. Вие сте доволно добри за да ви поканат на состанок.