Кои познати личности вечерва ќе носат венчаници



Вечерва во холот на хотел Александар Палас ќе се одржи петтиот по ред “Wedding Weekend” или Саем за венчавки, со почеток во 18:30 часот.

За отворањето на настанот, организаторот подготви специјална програма со настап на “Пламенка квартет”, модна ревија на венчаници и машки костуми и коктел.

Ревијата ќе се одржи во фоајето на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции. Новитет, а воедно и раритет е што овој пат креациите ќе ги носат познати личности од македонската естрада.

На саемот венчаница носат: Маријана Станојковска, Елена Велевска, Јана Бурческа, Софија Караќаева, Ведрана Ѓорѓевиќ, Ивана Илиевска и модел на елена лука.

Додека во машки костуми ќе продефилираат Александар Билјановски – Дадар и Александар Белов.

Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот vobelo.com