Неколку правила со кои трепките стануваат раскошни



Многу од дамите денес не се грижат премногу за трепките да им изгледаат добро.


Причината лежи во тоа што тие едноставно не знаат како да се направат трепките здрави и убави, за да се добие погламурозен изглед на лицето.

– Задолжително вадете ја шминката навечер – ви се случило ли да сте многу уморни и сте си легнале директно со шминката? Ако сепак премногу често одите на спиење со маскара на трепките, тоа може да доведе до проретченост;


– Задолжително редовно расчешлувајте ги трепките со специјална четка. На овој начин ќе помогнете во волуменот и густината;

– Задолжително негувајте ги трепките, истко како што го правите тоа со косата – со помош на четка или со прсти нанесете внимателно природен вазелин, на тој начин ќе ги направите трепките поздрави и ќе го потпомогнете нивниот раст;


– Задолжително правило е да не ги триете очите премногу грубо. Кога ги фаќате очи, постои опасност да извадите некоја трепка. Ако имате чешање или иритација, внимателно масирајте;

– Избегнувајте ја употребата на вештачки трепки. Особено лепилото, на кој се прикачуваат предметните трепки, може сериозно да ги оштети вашите природни трепки.