Зошто и за кого е корисно зеленото кафе



Зеленото кафе всушност не е ништо повеќе од неизпечени кафе зрна.


Зеленото кафе е производ, чии квалитети и употреба многумина всушност не ги познаваат. А сепак, како целина, кафето е еден од најпопуларните стимуланси и по водата и чајот, е третиот најчесто користен пијалок во светот.

Зеленото кафе всушност не е ништо повеќе од суровина, односно неизпечени, кафе зрна. Тоа е исклучително богато со хлорогенова киселина – силен антиоксиданс, на кој се должи неговата растечка популарност најмногу во козметиката.


Екстрактот од зелено кафе ги редуцира брчките, целулитот и ги зајакнува косата и ноктите.

• Екстрактот од зелено кафе има способност да го забрзува и зголемува излачувањето на вишокот течности од организмот, а со нив и наталожените токсини.


• козметички маслото од зрна зелено кафе го подобрува растот на косата, а се препорачува и за сува и чувствителна кожа на лицето.

• Екстрактот од зелено кафе има антицелулитна акција, поради што е често додавана состојка во различни креми и емулзии за масажа.

• Топлите облоги со масло се применуваат за третман на изгореници и лузни.

• мастите врз основа на маслото од зеленото кафе се користат во дерматологијата – при дерматити, егземи и псоријаза.

• Истото масло е меѓу главните состојки на очните кремови наменети за збрчканост околу очите, и успеваат да ги намалат дури и длабоките брчки.

Зеленото кафе е од корист во борбата со вишокот килограми.

• Маслото од ова кафе се користи за после престој на сонце, заради смирување навлажнување и потхранувачко дејство.

• Зеленото кафе е многу популарно во различни прехранбени адитиви и средства за контрола на тежината.

• Ја намалува главоболката.

• Исто како и обичното кафе, свежо мелено и сварено зелено кафе бодри и го зголемува квалитетот на мозочната активност, без непотребно да го возбудува нервниот систем.

• Тоа е добар дополнителен извор на железо, калциум, селен, витамини Е и Ц, кои се меѓу најпопуларните антиоксиданси, препорачани за здравјето на косата и ноктите.

• Екстрактот од зелено кафе го намалува шеќерот во крвта, со што уште еднаш го помага слабеењето. Затоа се препорачува и за луѓе со дијабетес.

• При чир, висок крвен и болести на тироидната жлезда – зеленото кафе, под форма на пијалок или во составот на додаток во исхраната, треба да се употребува внимателно и најдобро по консултација со лекар.