Научете се да заборавате и да простувате



Учителката во градинка, за децата во групата ја измисли следнава игра: секој требало да донесе торба со неколку компири, и секој компир да го носи името на човек кого детето го мрази. Затоа колку луѓе мразело детето, толку компири требало да донесе. Некои деца дошле со два компири, други со три, а некои и со пет.

Учителката им рекла да ја носат со себе торбата каде и да одат, дури и во тоалетот, во текот на една недела.

Деновите минувале и децата почнале да се жалат од непријатниот мирис на расипаните компири.

По една недела играта конечно завршила. Тогаш учителката ги прашала како се чувствувале во оваа една недела.

Децата почнале да се жалат колку е тешко насекаде со себе да ги носат тешките и миризливи компири. Конечно учителката им го објаснила значењето на оваа игра:

– Истото се случува кога во срцето мразите некого. Смрдеата на омразата ќе го труе срцето и ќе ја носите секаде со себе. Ако ви е тешко да го носите мирисот на расипани компири за една недела, замислете како е да го носите отровот на омразата во нивните срца до крајот на животот?

Ја отфрлувате омразата од срце, за да не носите гревови за живот. Да простите е најдобар однос кон другите. Научете се да заборавате и да простите!

“Скриен дар”, Џериес Авад