Тамара и ДНК се појавија со долгоочекуваниот спот



Долгоочекуваниот спот за хитот „Фрази љубовни“ на Тамара Тодевска и ДНК од денеска ќе можете премиерно да го видите на „Јутјуб“.


Комичното видео раскажува за два простодушни ликови кои се загреани по супер ѕвезда од естрадата. Видеото се снимаше во Охрид во „Вила Бисера“ и е во продукција на „Горила Филмс“ во режија на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади.

Песната што се уште е радиски хит е дел од албумот „Еден ден“, кој Тамара го промовираше изминатиот Јули. „Фрази љубовни“ е дело на Лазар Цветковски. Tекстот го напишаа Магдалена Цветковска Ена и Владимир Блажев.