Најлошите божиќни подароци за мажи



Многумина тврдат дека е полесно да се купи подарок на маж отколку на жена. Сигурно е така, а можеби најдобро е да се открие во писмото испратено до Дедо Мраз.


Во секој случај, имајте предвид неколку работи кои не се препорачуваат, како подароци за божиќните празници, вели американецот Џефри Трули во Money Talks News.

Според него дамите сакаат подароци со мисла, кои зборуваат на срцето, а мажите сакаат мешавина од забава и корисна употреба. Авторот ги наведува 15-те најлоши подароци за претставниците на посилниот пол:


• Членска карта за Фитнес

• Глупави гаџети, како на пример електрична четка за чистење на скара.


• Колонска вода – Мажите или веќе си купуваат специфична колонска вода или уживаат во сосема друг вид козметика.

• Алатки за проекти како реновирање на вилата, кои се уште не се довршени.

• Вратоврска

• Чевли и облека

• Ножичка за кастрење на влакната на вашиот нос.

• Персоналните подароци како чаша со името на човекот. Мил гест се, но обично човек нема потреба од самиот предмет.

• Тоалети – Едноставно не се на листата на желби на мажите.

• Накит – Мажите кои носат накит, немаат потреба од поголеми количини од нив. Ако мажот не ги носи, еден подарок едвај би го променил мислењето.

• Се од категоријата “видливо на телевизија”. И тие веќе го виделе и погоди? Не го купиле.

• Слика во рамка. Сентиментални се, но мажите не сакаат сентиментални подароци, а такви со кои се забавуваат.

• Мајтапџиски подароци – На пример, од продавница за родендени или Кју-Кју продавница. На пример, риба што пее или слично. Забавно е, но само 5 минути. Потоа оди во плакарот, подрумот или гаражата.

• Купување на слики

• Талон за специјални процедури како масажа или за намалување на цена за вечера во ресторан. Од ова би била повеќе заинтригирана жената.