Мрачното минато на Анџелина Џоли



Дадилката на Џоли раскажува за мрачното нејзино минато. Како голем дел од ѕвездите во Холивуд и Анџелина Џоли имала тешко детство. Нејзината дадилка Кис Рeндaл застана за првпат пред медиумите и го откри болното и тешко минато на актерката. Кис се грижела речиси 8 години за Џоли и нејзиниот брат Џејмс, откако била замолена од нејзината најдобра пријателка – Маршелин да и помогне со децата во 70-тите.


„Таа беше диво дете. Знаев дека еден ден ќе стане жена со која другите ќе се усогласат. Сакаше болката да и се чувствува на работ” споделува Рендал. За мрачното минато на актерката се знае многу. Неодамна личниот нејзин дилер излезе со интервју во медиумите и покажа снимка, на која Анџелина е дрогирана и зборува збркана.

“Таа не се вклопуваше во средината. Другите ‘се потсмеваа поради големите усни. Девојките беа груби и злобни со неа. Таа имаше извајани рамена, слаба фигура и се движеше како газела”, објаснува Кис. Анџелина Џоли беше дете кога разбра дека мајка и има рак. Ѕвездата ја криеше тагата длабоко во себе, а на црвениот тепих се држеше на чуден начин, кој повторно не беше во нејзина корист. Во 2001 година на наградите “Оскар” таа страсно по устата го бакнува нејзиниот брат Џејмс.


“Денот кога го бакна Џејмс на Оскарите, беше прв ден во кој Маршелин влезе во болница, за да го излечи ракот. Тие стоеја целиот ден кај неа и потоа заедно се приготвија за настанот. Никој не знаеше што се случи во семејството. Двајцата се имаа само еден со друг и својата мајка. Нивната врска е многу силна”, се сеќава Кис. “Таа знае дека ја сакам безусловно. Бев до неа секој ден во период од 8 години. Го ценам секој момент и се гордеам со неа”, додава таа.