Рекламата која ќе ве трогне: Човекот кој го викаме „Тато”



Италијанската телекомуникациска компанија Wind на YouTube можеби ја претстави најсилната реклама во месец август 2014 година. Видеото трае 4:05 минути.


Тоа раскажува со виртуозност на режијата, убавите кадри снимени во Италија и без зборови на актерите, само со музика во заднина, историјата на маж кој сака да се сретне со својот татко.

Филмот го прикажува неговото патување низ времето на спомените и буквално, денес, во самата Италија, додека доаѓа дома.


Пораката е дека „понекогаш, за да комуницираме навистина, технологијата не е сè”. Кампањата успеа да трогне илјадници гледачи низ светот и да потсети колку е силна и неповторлива нашата врска со човекот кој го викаме “тато”.

Погледнете: