„Чист раскош“ како украс на вратот- Златото е повторно „ин“



Помалку е повеќе: Доколку се одлучите оваа сезона да му дадете предност на златото како ваш омилен накит, без разлика дали во деловна или кежуал комбинација, никако немојте да го комбинирате со друг накит.


Златниот накит е доволен самиот по себе. Ниту најпознатите модни креатори во претставувањето на своите колекции не можат да му одолеат на вечниот сјај на златото.

Она што е особено впечатливо е минималистичкиот пристап во комбинирањето на златниот накит, дозирано со мерка и прочистено. Тоа значи, никако во комбинација со друг накит и секогаш дајте предност на едно поголемо парче злато.


При изборот на златните огрлици, треба да се внимава на изразот на облеката, и на должината на ланчето. На округлиот израз на облеката прилегаат предимензионирани огрлици, а на четвртастиот потенки и помали, контрасни на изразот.

Кога е во прашање комбинацијата на златниот накит во однос на боите, златото се категоризира во „толите“ тонови, затоа е пожелно да се комбинира со основните бои и тонови, како што се белите и есенските бои. Соодветствуваат и златната и црната.


portrait-makeup-lady-gold-jewelry-glamor-style-photographer-hd-wallpaper

Трендовите во модата постојано се менуваат, а тоа важи и за накитот.

Затоа, за какво парче златен накит и да се одлучите нема да згрешите, особено кога е во комбинација со дијамантски камен.

Шармантни, заводливи, за вечерен или дневен стајлинг, за секоја пригода…. најновите парчиња златен накит создаден директно од рацете на маестралните италијански дизајнери, а инспирирани од современата жена и трендови, можете да ги најдете во новоотворениот салон на Сигма Jewelry во ГТЦ на Приземје.

Во ова ново градско место ќе ја почувствувате Италија, ќе се пронајдете себе и ќе уживате во префинтетиот стилски израз.

Заблескајте и вие во пресрет на убавите празнични денови.