Милена Лунеска: Обичен човек



Автор: Милена Лунеска


Ветрови, ме грабнавте
кога душата ја пратив на чистење,
срцето на починок,
а мислите, за миг, на одмор ги ставив!
Ме врзавте, заробивте,
заседа ми поставивте…
нечесни играчи во играта
и крадци на тајните станавте!

Која цена ќе ја барате
за солзите скришно паднати,
за зборовите некажани,
за неколкуте желби посакани?
Кому ли ќе ја продадете вистината…?
на колку малку радост сум се радувала
и колку малку среќа ми требало?
Во таа трговија, ветрови…
трговците не купуваат ОБИЧЕН ЧОВЕК!!!