Милена Лунеска: јас не плачам ни кога се радувам ..



Автор: Милена Лунеска


ЈАС НЕ ПЛАЧАМ КОГА СЕ РАДУВАМ

Кога напред го водам орото


не сакам така расплачени да се фаќате до мене!

Не подавајте ми марами, ЈАС не плачам кога се радувам!


Животот ме научи кога и како да се веселам,

да не ги мешам среќата и тагата во срцето….

Солзите не ги чувам заедно со бисерите,

не ги носам на веселбите,

ниту на прославите

и не ги подарувам на најблиските…

Ги кријам длабоко во очите,

ги пуштам да течат на разделбите,

а плачам и тагувам само на… несреќите!