Мејк ап трикови за зимските денови



Како што на зима бирате потопла гардероба, така и својата шминка прилагодете ја на временските прилики.


Еве на што да обрнете внимание:

Додадете вода


Кожата во текот на ладните денови има дополнителна потреба од влага. Додадете капка, две обична вода во течната пудра, промешајте во рака и ставете ја на лице. Ако користите пудра во прав, неколку минути пред нанесување попрскајте го лицето со вода за да се освежи тенот.


Потопли тонови

За да ја потемните својата омилена сенка и да ја направите „потопла“ за зимските денови, помешајте ја со кафена сенка. Тоа ќе ја „продлабочи“ бојата, но нема премногу да ја промени.

Избегнувајте бронза

Тоа не е природен зимски тон на кожата,па изгледа сосема неприродно, а лицето често ќе поприми портокалов или црвенкаст тон. Прилагодете ја бојата на кожата да изгледа како сосема малку да сте се исончале на зимското сонце со заби.

Маскара

Секогаш нагласувајте ги трепките. Најсигурна техника: користете само црна маскара, вишокот што ќе ви се направи на четката, „истругајте“ го од работ на тубата. Потоа продолжете да ставате маскара, се додека трепките не бидат во совршената густина.