Мачката Луна е хит на интернет, никој не може да ја види на фотографијата



Брањето мачки на фотографии веќе подолго време е популарна опсесија на социјалните мрежи. Сепак, од сите мачки кои се кријат по дворови, дупки, на покриви, во кревети, кутии, Луна е најпопуларната. Таа има тигресто крзно и речиси редовно им се сокрива на нејзините сопственици, кои живеат некаде во Британија.


Откако увиделе дека Луна сосема природно си игра криенка со нив, сопствениците решиле да ѝ направат и страница на Фејсбук, па да ја споделуваат со пријателите. Трагањето по Луна стана опсесија на интернет-корисниците кои масовно ги споделуваат фотографиите на кои се крие оваа домашна мачка.

Сепак, последната фотографија предизвика хаос на социјалните мрежи. Повеќе од 20.000 луѓе ја споделуваа оваа фотографија и се обидуваа да ја најдат малата мачка која упорно се крие во дворот. На некои од трагачите им појде од рака, па веднаш ја најдоа, но има и такви кои со часови не можат да забележат каде се наоѓа ова маче. Ќе можете ли вие да ја најдете?


Фотографијата е на следната страница:

Страни: 1 2