Ен Хименез, уредник на сајтот New Beauty, истакнува три навики кои секојдневно ја оштетуваат вашата коса.
Ја малтретирате мократа коса
Косата е послаба и покршлива кога е мокра. Не ја сушете со грубо триење со пешкирот и не ја чешлајте веднаш по бањањето. Користете чешел со широк процеп помеѓу забите на чешелот и чешлајте ја од краевите, чекор по чекор.
Користите валкани четки
Валканите четки за коа се полни со влакна, со масло и наталожени производи за нега на коса кои се совршено тло за развој на бактериите. Чистете ги барем еднаш месечно со мешавина на сода бикарбона и млака вода.
Премногу ја сушите косата
Кога феновите и пеглите за коса се користат на бојадисана коса, таа дополнително се оштетува. Не дувајте на најсилно и нанесете кокосово масло како регенератор на косата во текот на ноќта, а наутро исперете ја со шампон.