Кои се најпознатите стилски невести на сите времиња?



Покојната Грејс Кели – холивудската ѕвезда, која стана принцеза по бракот со владетелот на Монако Рение во 1956 година, е на чело во рангирањето за повеќето стилски невести на сите времиња.

Второ место на листата за читателите на списанието „Брајдс”, го зазема Војвотката од Кембриџ Кетрин. Десетици милиони луѓе ширум светот го проследија нејзиниот брак со принцот Вилијам во 2011 година, на кое Кејт Мидлтон светна во фустанот на дизајнерката на модната куќа „Александар Меквин” Сара Бартон.


На третата позиција е Каролин Бесен, која во 1996 година стана сопруга на Џон Кенеди Џуниор.

Четвртата позиција е за поранешната пејачка на „Spice girls” Викторија Адамс, мажена за Дејвид Бекам.


На петтото место е рангирана скрин легендата Елизабет Тејлор со првиот брак со хотелскиот наследник Конрад Хилтон во 1950 година. Тејлор се венчаше осум пати и се наоѓа повторно во Топ 20, поточно на 15-тата позиција со својот трет брак со филмскиот продуцент Мајк Тод.

Следните четири места во рангирањето го заземаат Кортни Кокс (со Дејвид Аркет), Селма Хаек (со Франсоа-Анри Пино), Присила Вагнер (со Елвис Присли) и Миа Фароу (со Френк Синатра).

Десеттата позиција е доделена на принцезата Ана со нејзината прва венчавка со капетан Марк Филипс во 1973 година. Следните кралски семејства во рангирањето се покојната принцеза Дијана на 11-та позиција и самата кралица Елизабета Втора на 13-а. Меѓу нив на 12-то место е кралицата на попот Мадона со нејзината свадба со актерот Шон Пен.