Кои дами од Зодијакот се волшебници во љубовта?



Во љубовта често се доверуваме на својот внатрешен глас и понекогаш на астрологијата. Според ѕвездената карта некои од претставниците на одделните ѕвезда знаци се големи волшебници во љубовта. Денес споделуваме кои се најголемите волшебници во зодијакот.

Лав

Не е случајно што е прв на листата на најголемите волшебници. Жената родена во знакот на овој знак е вистинска лавица. Таа има неверојатна харизма, шарм и насмевка која плени.

Знае како да управува со својата предност кога сака да покори нечие машко срце. Секој нејзин гест, начинот на кој се движи и разговара и придаваат финес. Освен тоа жената Лав сака многу да се забавува, што значи дека со неа никогаш нема да ви биде досадно.

Кога на нејзиниот пат се најде нова љубов, таа не е подготвена да губи. Што се однесува до сексуалните искуства кои ги чекаат претставничките на овој знак, бидете подготвени за огнени страсти.

Близнаци

Следните на листата се дамите родени под знакот на Близнаци. Тие поседуваат една природност и пријателски пристап кон посилниот пол, кој секогаш прави впечаток.

Исклучително духовити, симпатични и забавни. Добри комуникатори се и разговорите со нив секогаш се интересни. Дамите Близнаци се најхаризматичните од целиот Зодијак и токму со тоа емитување најнапред ги врзуваат погледите кон себе.

Од друга страна се и многу позитивни и романтични. Кога ќе се заљубат можат да бидат многу страсни кон партнерот. Во сексот ја сакаат разновидноста и посветеноста на партнерот и дефинитивно може да се каже дека се едни од најдобрите љубовници.

Страни: 1 2