Кога жената плаќа



Тоа се случува често: мажот и жената работат, и двајцата градат кариера, но во еден момент таа напредува, заработува многу повеќе и има водечка позиција.


Од памтивек човекот ги има функциите на работник, без оглед на кој начин ги заработува парите и каква позиција има. Заради безбедноста на семејството, скоро секој е подготвен врз себе да преземе дополнителни опасности и ризици.

Мажите се навикнати да спроведуваат целосна контрола на ситуацијата: да знаат каде се неговата сопруга и децата, што прават, да стават на секое нешто граница или рамка. Се разбира, не сите мажи се такви, но исклучоците се многу ретки.


Мажот-лидер сака да создава и да го надгледува спроведувањето на плановите, кои ги има за иднината. Кога на дневен ред е прашањето за големите зделки и спроведувањето на сериозни трошоци во готово, тогаш неговиот глас е од клучно значење. Нели сте го слушнале: „Кој плаќа, тој ја порачува музиката”. Така беше некогаш, така е и сега со ситни исклучоци.

Денес жените се повеќе успешни и се обидуваат да бидат доминантни не само во бизнисот, но и во семејството. Тие стануваат независни и зафатени.


Според најновите податоци на чешките банки жените се тие што најчесто во продавниците, рестораните и бензиските пумпи вршат плаќања.

Во просек, тоа се случува 45 пати годишно, додека мажите во текот на една година остваруваат едно плаќање помалку.

Конкретно, жените преку кредитна картичка за една година трошат просечно 1.668 евра. Рекордот на најголема извлечена сума со картичка го држи жена, која за една година успеала да потроши 56.000 евра.