Ако сте ненаспани, вака најдобро ќе се расоните



Што и да е причината за ненаспаност кога ќе зазори, треба да го продолжиме денот во добра форма, за да можеме да доживееме до мигот во кој ќе си легнеме назад во кревет и ќе спиеме.


Ви нудиме пет совети за тоа како да се бориме со последиците од ненаспаност, со кои се надеваме дека ќе си го олесните животот.

Раздвижете се


Нашето тело поседува неостварени залихи на енергија. Потрошете ги со малку движење – лесна гимнастика дома или прошетка. Најмалку што може да направите е да зборувате со некого на телефон. Мозокот мора да се одржува активен, за да не заспие.

Јадете силна храна и пијте многу течности


Ако не сте спиеле, треба да дадете дополнителна енергија на телото. Пијте многу течности, јадете месо и банани. Не пијте кафе и не јадете благо, колку и да ви се сака, бидејќи тоа ќе има лоши последици на долгорочен план за вашето тело.

Испрскајте го лицето

Студената вода ќе ве освежи и разсони.

Дишете длабоко

Така ќе му овозможите на вашето тело да се снабди со потребните хранливи материи, а ќе го намалите и стресот.

Дремнете за кратко

Ако имате можност, дремнете 30 минути во текот на денот. Ова нема да ви ја задоволи потребата од сон, но ќе ве “рестартира” и ќе можете да го поминете денот. Дури и да ги затворите очите за неколку минути, исто така ќе ви делува добро.