Кога дома нема желба, купи си секс



Желбата за секс е како гладот. Или го има или го нема. Можеш да јадеш иако не си гладен, но некако на сила.


Но ништо не може да те спречи да се прејадеш, ако ти замириса на нешто вкусно.

Така е и со сексот. Дури и да не ви се прави, можете да го разбудите апетитот со правилните “купувања”.


Не, немаме во предвид да ви предложиме да си најмите платен свештеник на љубовта, туку сосема легално да ја вратите страста под покривката на брачната постела.

Можете да го направите на три начини, но и трите се платени.


Гледајте филм

Романтичните и еротските филмови ја вршат целата работа.

Приказната се заплеткува, чувствата се раѓаат, страста избувнува, а мозокот преживува сè што гледа на екранот.

Читајте книга

Дури воопшто да не сте во расположение, соодветен роман ќе го врати апетитот кон “оние” чувства. Со развојот на фабулата ќе се заинтригирате од историјата на ликовите.

Останува само вашиот сопствен Ромео да се појави миг пред да потонете во сон.

Еротски играчки

Не може да не се насмевнете ако наидете во секс-продавница. Колку и либидито ваше да е ниско, љубопиството ќе победи.