Потребни производи:
100 грама какао
50 милилитри млеко
2 лажици шеќер во прав
50 грама путер
по желба: суво грозје или други сушено овошје, ванила, ореви, цимет
Начин на приготвување:
Затоплете го млекото на тивок оган, без да допуштате да зоврие. Растворете го во него шеќерот и ванилата, па додајте го маслото. Добиената смеса истурете ја постепено во какаото, мешајќи темелно. Потоа загрејте на тивок оган.
Ако сакате, додадете суво грозје или ореви, промешајте и распоредете го чоколадото во чинијата или садот. Приберете го во фрижидер за да стврдне.
Добар апетит!