Стрелец
Весели, ведри и искрени, вие љубовта ја разбирате како игра која може да ви го разубави здодевното секојдневие. Оптимисти во душа, вие не гледате причина “зошто би ги криеле чувствата, ако сте вљубени?” Затоа, љубите искрено. Но, повеќе од се, ја љубите слободата. Па, со цел да ја сочувате, секогаш верно го следите правилото “љуби, љуби, но главата не ја губи!” Значи, личноста која ќе ве стави во центарот на нејзините љубовни фантазии треба да знае дека најлесно ќе ве освои ако ве однесе на незаборавно патување во некоја егзотична земја. А, вие дефинитивно ќе и “јадете од рацете” кога ќе заклучите дека покрај себе имате весела и неоптоварена личност која ве прифаќа такви какви што сте, без никакви принуди, уцени и љубоморни испади. Но, нејзините шанси кај вас ќе се намалат ако забележите дека долго спие и дека го сака излежувањето во кревет. Сепак, вие не умеете да мразите. И можеби во напад на бес ќе изнакажете сешто. Но, откако ќе сфатите дека сте ја повредиле личноста што ја сакате, сигурно ќе барате прошка.