Како мразат и како сакаат хороскопските знаци



Риби


Кога вие се вљубувате, а тоа често ви се случува, минувате ноќи и денови сонувајќи со отворени очи и пишувајќи поезија за објектот на својата љубов. Но, честопати љубовта ја поистоветувате со солзите и жртвувањето. Па, со цел да го задржите контактот со реалноста, ироскомате потреба од многу нежност и разбирање од страна на партнерот. А, кога стравот од невозвратената љубов ќе надвладее, тогаш запаѓате во хронична депресија и душата си ја олеснувате преку потоците солзи. Секој оној што сака да ве освои треба да знае дека ќе “пливате секогаш до него” ако на уво ви ги шепоти познатите љубовни стихови. А, ќе останете без здив ако за време на летувањето ви предложи да ги исончате и најскриените делови на телото. И нормално, вие не умеете да мразите. Највисок степен на вашата одмазда е да го “дигнете носот” убедени дека тоа ќе ја повреди вашата жртва.

 


Страни: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12