Вага
Како дете на Венера, божицата на љубовта, вие копнеете по совршена љубов и се чувствувате комплетно само со партнер покрај себе. Но, во земниот живот ништо не е совршено. Затоа често се лажете во проценките и се соочувате со емотивни разочарувања. Сепак, подготвени сте целиот свој живот да го поминете во потрага по идеалниот партнер. А кога ќе помислите дека сте го нашле, тогаш се предавате без многу размислување. Дури сте подготвени и на жртви, со цел да ја одржите идиличната слика за животот во двојка. Личноста што сака да ве освои сигурно ќе успее во тоа само ако кон вас се однесува рафинирано, со многу такт и внимание. Уште подобро ако секојдневно ве опсипува со скапи и одбрани подароци. Но, ако улулкан во вашата доживотна љубов, партнерот се дрзне да ве повреди, тогаш треба да се подготви за вашата одмазда. Ќе сторите се за уште следниот ден да прошетате пред него прегрнати со друг партнер, како тој никогаш да не постоел во вашиот живот.