Како изгледаа познатите на својата матурска ноќ? (Фото)



zdravkica


Уште една дама од ТВ екраните раскажа за својот матурски изглед. Милена Антовска е водителката која денес не би носела такво фустанче како на својата матура.

,,Носев  тесно, кратко фустанче со  гол грб, сребрено со розе комбинација. Тогаш тие модели беа модерни, но денес да треба да бидам матурантка, дефинитивно мојот избор би бил поразличен.– изјави Милена


milena

На ова прашање одговори и пејачката Кристина Арнаудова која е горда на својот матурски изглед  која сама го креирала.


,,Сама си го креирав фустанчето кое го носев, како и целосниот изглед беше моја идеа. Носев кратко сребрено-златно фустанче, со бели сандали и бела ташна. Денес да треба да одбирам, пак би го направила истиот избор, затоа што сметам дека тој изглед не знае за време и мода. Косата ми беше долга, пуштена, со ненаметлива шминка.– изјави Кристина

IMG_1759 (1)

Познатите открија како тие изгледале на својата матурска ноќ, кој наметливо, кој ненаметливо и модерно, сепак тоа било во чекор со тогашната мода. За и Вие да изгледате гламурозно на Вашата матурска ноќ дозволете тоа да го направат професионалци за Вас. Затоа, денес, пријавете се на кастинг за Матурска преобразба кој ќе се оддржи во вторник, на 28 април во Скопје Сити Мол, во холот од страната на Плеј Кафе, од 18 часот и 30 минути до 20 часот и 30 минути.

Пролетта е период кога сите матуранти се подготвуваат за својата матурска ноќ. Во потрага по совршениот аутфит, Скопје Сити Мол ги повикува сите матуранти да дојдат на кастинг за матурска преобразба и средувањто да им го препуштат на професионалци.

 

Страни: 1 2