Како да си ги поделиме домаќинските обврски



Истражувањата докажуваат дека клучот за среќната врска, кога живеете заедно, е да си ги поделите одговорностите и да сте еднакви.


Ова ги вклучува и обврските во домаќинството.

Еве неколку идеи како да постигнете согласност, без да се испокарате во меѓувреме:


Договорете се кој што ќе прави

Најдобро е да се договорите од самиот почеток кој што ќе прави и почитува. Ако биде така, сите домашни обврски ќе се превземат само од двајцата партнери, и нема да се создаде незадоволство и тензија.


Јас, на пример, не готвам. Едноставно не сакам. Мојот партнер, пак, многу сака да готви и често тоа го прави. По вечерата обично јас ја расчистувам масата, ги мијам чиниите или ги ставам во машината за миење, бришам и го метам подот.

Направете го заедно

Домаќинските обврски се мачна работа, но не може без нив и тие треба да бидат завршени. Па, обидете се. Пуштете музика и забавувајте се.

Менувајте ги непосакуваните обврски

И двајцата многу мразите да миете чинии, но сепак не се договорајте, туку веднаш преземете ја контролата врз вашите садови во вашата кујна 🙂