Најпознатите ќерки на милијардери: Иванка Трамп



Ќерката на Доналд Трамп, Иванка е среќна мајка на две деца и десна рака на татко и. Таа има 32 години, а поседува сопствена линија накит, чевли и додатоци, недвижности, книги за постигнување на успех. Таа изгледа го наследила талентот на својот татко да претвора во злато сè што ќе допре.

Свадбата на Иванка Трамп и Џаред Кашнер ги чинела родителите на младоженците 6 милиони долари. Прославата била дефинирана како “церемонијата на годината”. Невестата била со бел фустан на Vera Wang кој чинел 100 илјади долари, а носела прстен од платина со дијамант од 5.22 карати (се разбира од колекцијата Trump Fine Jewelry) и поканила околу 500 гости, меѓу кои познатите личности како Натали Портман и Расел Кроу.


Година и половина по свадбата се раѓа и првото дете на Иванка и Кашнер – нивната ќерка Арабела.

Во пролетта на 2013 година ќерката на Доналд Трамп соопшти дека очекува второ дете. На 14 октомври се роди синот Џозеф Фредерик Кашнер.


Ако судиме според фотографиите , направени од папараците во денот, кога мајката го напушта породилното со бебето, таа изгледа прекрасно.