Трагедија довела до судбоносната средба на Кејт и Вилијам !



Сопругата на принцот Вилијам не е толку случајна и обична. Жената до кралскиот наследник има солидно аристократско потекло. Кетрин Елизабет или Кејт Мидлтон, исто така, може да се гордее со своето потекло.


Кејт е дете на Мајкл Мидлтон и Карол Елизабет Голдсмит. Нејзиниот татко е пилот, а мајката хостеса во англиските ерлајнс. Подоцна тие основаат семејна фирма за угостителство и декорација која ги претвора во милионери.

Фамилијата плаќала секоја година по триесет и две илјади фунти за образованието на децата во влијателниот колеџ “Марлбороу”. Токму таму прекрасната Кејт го среќава велшкиот принц, каде почнува нивната љубов, која подоцна на 29 април 2011 година, склучува брак. Потоа Војвотката од Кембриџ раѓа момче.


Уште неколку претходници на првата дама на Велика Британија помагаат за нејзината благосостојба и финансиски просперитет. Тројца од нив загинуваат во 1 – та Светска војна и со оставените финансии Кејт оди во Универзитетот на Вилијам.

Кејт е потомка на Лејди Барбара Булок, чие моминско презиме е Луптон. Таа има многу аристократско потекло. Нејзиниот сопруг сер Кристофер Булок е секретар на големиот Винстон Черчил. Тој е наследник на првиот Маркиз на Лансдоун и премиер од владеењето на кралот Џорџ III.


Кејт Мидлтон е внука на Оливија Лаптон. И тројцата нејзини браќа умираат во 1 – та Светска војна, а нејзината сестра Ана останува без наследници. Лаптон станува носител на семејното наследство, кое тогаш изнесува 52 031 англиски фунти. Богатството нејзиниот денес е еквивалентно на околу 13 милиони фунти. А, тоа припаѓа на сопругата на принцот.