Како да ги чувате на сигурно голите фотографии



Денес секој поседува мобилен телефон со камера или дигитален фотоапарат. Веќе воопшто не е тешко да се направи фотографија во секое време кога сакаме, но може да биде многу непријатно, ако некој друг ги открие.


Како да ги скриеме овие специјални фотосесии?

Не ги покажувајте на пријатели. Нема лошо да сте блиски со вашите пријатели и да си ги споделувате. Дури може да ги раскажете на вашите најблиски луѓе, за тоа што сте се снимале голи. Но, не покажувајте ги сликите на другите. Одново може да ви се пристори добра идеја да ги споделите овие лични информации и да ги покажете фотографираните материјали, но помислете. Сепак не сакате луѓето околу вас да го познаваат секое сантиметарче од вашето тело, како и тоа на вашиот партнер. Најдобро е да ја зачувате за себе оваа информација и да не ја споделувате, па дури ни со блиски луѓе.


Кријте ги добро фотографиите. Повеќето луѓе не ги покажуваат фотографиите, особено не голите. Тие ги чуваат во својот компјутер или во smartphone. А тоа може да биде многу опасно. Ако ги имате на хартија, сокријте ги добро некаде дома, каде што никој нема да ги најде. Ако ги чувате во дигитална опција, треба да сте уште повнимателни.

Само вие ли го користите компјутерот? Домашниот компјутер не е најповолно место за складирање на вашите фотографии. Не можете да сметате дека вашите родители нема да чепнат во вашите датотеки, само затоа што го пишува вашето име во некоја папка. Дури и случајно може да паднат на овие фотографии, а ова нема да им се допадне. Размислете и за помалите членови на семејството, ако имате такви.


Страни: 1 2