И ангелите имаат мајка – песна посветена на малечката Матеа



Многу лица загинаа во сообраќајни несреќи во последниве неколку години. А што ние направивме за да го спречиме ова или пак да ги намалиме трагедиите? Се сеќавате ли на малечката Матеа која минатата година ја прегазија? Оваа песна е посветена токму на неа! Нека мајчината болка, биде опомена за сите возачи…


…И АНГЕЛИТЕ ИМААТ МАЈКА…

Ангелу мој,
не лути се кога ќе ме видиш како плачам
и тешки солзи ти пуштам…
Јас така те милувам… го бакнувам твојот лик…
го прегрнувам твојот мирис…


Не лути се,
со солзите светлост и зрак, во душава си пуштам…
полесно сегашноста кон тебе да ме води…
Ангел си ти…ќе ме разбереш…
и ќе ми простиш!

Ангелу мој,
не лути се кога плачам и силни крици ти пуштам…
Јас само ти зборувам…раскажувам…
така умеам да ги пеам песните твои…


Не лути се,
со солзите болката во срцето ја топам…
ти правам поголемо место,
полесно иднината со тебе да ме носи!

Ангел си ти…ќе ме разбереш..
и ќе ми простиш!

Автор: Милена Лунеска