Премиера на “Во земјата на крвта и медот”



Вчера, на 5 Декември во Училиштето за визуелни уметности во Њујорк, нашата млада и убава актерка Јелена Јованова, зачекори на црвениот килим, на првото прикажување на филмот "Во земјата на крвта и медот", режисерско деби на холивудската актерка Анџелина Џоли. Талентираната Ма­ке­дон­ка изгледаше како урбана божица во црната долга тоалета, креација на "Кокев&Кадриу" кои изјавија дека покравј тоа што црната боја била жел­ба на Јелена и тие самите сметаат дека тоа е боја која не е наметлива за некој што го има својот прв чекор на црвениот килим. Јованова има една од епи­зод­ни­те улоги во овој филм каде глумат и Бранко Ѓуриќ Ѓуро и Раде Шербеџија. По премиерата целата екипа продолжилa на afterparty од каде имате ексклузивна прилика да погледнете неколку фотографии. Инаку снимени се две верзии од филмот,а дистрибутерите одлучиле да го прикажат филмот на босанско – хрватско – српски јазик со англиски превод, за приказната да биде поверодостојна и да добие на значење. На ова Џоли изјавила: „Среќна сум и почестена што филмот во САД ќе биде прикажан на оригиналниот јазик“.


Овој филм кој е сниман на две локации, Будимпешта и Сараево, говори за забранетата љубов на српскиот војник Даниел и Босанката Аља, која во војната завршува во српски логор, па овој се обидува да ја спаси. На прашањето зошто Џоли избрала така сложена и деликатна тема за нејзино режисерско деби, таа изјавува дека ја чувствува неопходноста од насочување на вниманието кон преживеаните во војната од блиската историја.  За жал, врз снимањето кое почна октомври минатата година, сенка фрлија протестите на загрижените жртви од војната во Босна кои имале погрешно известување за тоа што ќе биде приказната на филмот. Исто така, и по премиерата овој филм е центар на внимание поради судската постапка која е покрената против Џол од страна на хрватскиот новинар James J. Braddock, кој тврди дека приказната во филмот е преземена од негова статија напишана 2007г.  


 


Актерката Анџелина Џоли веќе се има многу докажано во актерските води за што во 2000г. зема Оскар за најдобра женска споредна улога во филмот "Girl, Interrupted", а пак во 2009г. беше номинирана за најдобра женска главна улога во филмот "Changeling"Останува да видиме дали Академијата има вакво високо мислење и за нејзината режисерска улога и дали ќе го номинира филмот "Во земјата на крвта и медот" на претстојното доделување на Оскарите. Многу филмски критичари гледајќи го трејлерот, кој имате шанса и вие да го погледнете подолу, веќе прогнозираат дека овој филм претставува опасна конкуренција за номинација во категоријата Најдобар филм од странско говорно подрачје и дека поседува голем потенцијал за Оскар.