Добра вест: Девојка после 23 години во инвалидска количка, почна да оди



23-годишната Викторија Стефанова од Велико Трново, Бугарија после 23 години успеа да оди со свои нозе. Таа страда од церебрална парализа. Целиот живот на девојката до пред еден месец го поминала во инвалидска количка, но по операцијата и рехабилитација во Австрија таа стапнува на нозете и е на пат целосно да се опорави.


“Вики беше долгоочекуваното дете за нас. Осум години не можев да забременам и кога зачнав, целото семејство беше многу среќно. Таа сепак се роди со церебрална парализа и од мала ја водиме по доктори, операции, бајачи. Сè пробавме, но ништо не успеа да ја укине од инвалидска количка “, раскажува мајката на девојчето Стела.

Вики сонува да стане лекар, за да им помага на луѓето кои исто така имаат проблеми со локомоторниот систем.


Пред неколку месеци нејзиниот дедо го продал семејниот имот и со парите од продажбата таа заминала на лекување во специјализираната детска ортопедска клиника во Виена.