Џо Манганиело е најжешкиот ерген во светот



Џо Манганиело официјално е избран за најжешкиот ерген на планетава, од читателите на магазинот People. Ако се прашувате за каков маж се повеќето необврзани жени – Манганиело е одговорот.

Од своја страна тој е снажен американски актер со Сицилијанска крв, кој вели дека сеуште не ја пронашол жената на својот живот. Тој за изданието го изјави следново:


Јас сум страстна и импулсивна личност. Ако не ви се допаѓаат пикантни мажи, тогаш можеби и јас нема да ви се допаднам.”

37-годишната ѕвезда од серијата „Вистинска крв” вели дека верува во вистинска љубов.


Има љубов, но мислам дека секоја страсна, луда љубов од почетокот на врската постепено се претвора во сличност и потреба во даден момент“.

Роден е во Питсбург, и Џо е на врвот на листата, во која има доста славни и убави мажи, како Иан Сомерхолдер, Лиам Хемсуарт, принцот Хари итн.