„FIT UP OPEN AEROBIC“ – најмасовниот аеробик на отворено



На 22 јуни се одржа најмасовниот аеробик настан во Битола на отворено – Fit Up Open Aerobic.


На исполнетото ракометното игралиште во Битола, под водство на професионални зумба и аеробик тренери, низ забава и музика, активно учествуваа над 400 граѓани и толку го следеа настанот.

Во рекордни три часа, од 18 до 21 часот, беа изведувани вежби во различен ритам и во соодветни техники, како: Hi-low Aerobic, Aerobic Energy Mix, Zumba kids, Zumba и Tae Bo – вежби сочинети од танц движења и боречки спортови комбинирани во едноставни кореографии за подобрување на координацијата на телото, на аеробната издржливост и функционалните способности, како и за намалување на вишокот килограми.


„Ова е најмасовниот аеробик настан досега во Македонија, на отворено. Во позитивна и забавна атмосфера каде што физичката активност е главен приоритет, сакаме да ги поттикнеме и охрабриме сите граѓани кон редовно вежбање и подобрување на нивната физичка и психичка подготвеност. Во таа насока би ја истакнала поддршката на Бимилк, кој покрај организацијата на настанот, обезбеди сет подароци за учесниците и по три бесплатни термини во аеробик клубот Енерџи спорт за оние кои го донесоа картонскиот дел од амбалажата на новиот ФИТ кремаст јогурт“ – изјави Христина Ристoвска, професор по физичка култура и тренер во Енерџи спорт аеробик клубот – Битола.