Детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА“ 2017 на  8 – 9 април во МОБ



Со пристигнување на пролетта, на 8 – 9 април во Македонска опера и балет пристигнува и новото 14-то издание на детскиот фестивал „Поточиња“.  Најмалите љубители на музиката ќе можат да проследат 15 нови песнички и да уживаат во неповторливата детска забава за која ќе се погрижат солистите и хорот на детскиот фестивал „Поточиња“, како и маскотата „Поки“ во улога на водител.


Организаторот Пап Продукција информира дека на репертоарот се 6 претстави со почеток од 11:00, 13:00 и 19:00 часот. Билетите по цена од 200 денари се во продажба на билетарата на МОБ, Југотон, касата на Универзална сала и продажната мрежа МК Тикетс.