
Состојки:
150 гр испечени лешници
100 гр наполитанки со вкус на лешник
200 гр. нутела (може и црн еурокрем, но со нутела е повкусно)
Подготовка:
Во искршените наполитанки се додаваат сечканите лешници и нутелата. Се меша со лажица или подобро со раце за да се поврзат. Може да се остави смесата во фрижидер малку да се стегне.
Со раце се обликуваат бомбици. Се оставаат да се стегнат, па се потопуваат во растопено чоколадо и се ставаат во хартиени корпички.
По желба можат да се увалкаат во чоколадни трошки или мелени ореви.