Топлите денови предиспонираат кон похрабри решенија, што се однесува до изборот на облека. Ако белата боја во принцип не фигурира во шкаф, но планирате да го промените овој факт, постојат неколку совети кои ќе ви бидат од корист пред да се упатите на шопинг.
Не би ги нарекле “модни правила”, но сепак би било добро ако ги следите. Само така ќе се снабдите со стилска и убава визија, за која сметате на белите алишта.
Сфаќањето дека бело се носи само во пролет и лето, е доста застарено. Современите модни дизајнери се запираат на белата боја и во своите есенско-зимски колекции. Светлите палта, џемпери и додатоци се незаменливи во романтичната визија за студените денови.
Ако сакате да бидете облечени во бело од глава до петици, направете го во летните месеци. Тогаш самата клима подразбира светла и воздушеста облека. Ако сте се одлучиле да облечете облека само во оваа боја за време на поладните денови од годината, би направиле огромна грешка . Оставете само еден – два бели артикли, кои може да се комбинираат со вашите омилени бои.
На секоја свадба само еден човек има право да биде облечен во бел фустан – невестата. Ако тоа не е вашиот свадбен ден, облечете нешто што не е бело. Ова правило не се однесува на додатоците, така што сепак може да носите нешто во оваа боја, ако многу го сакате.
Кога носите бела облека, добро е да ги избегнувате црните чевли, особено ако облеката што сте ја одбрале, е со нежна линија. Шарените додатоци стојат многу добро со светли облеки , а слична комбинација е вистинска класика за летните денови.
Ако сте со потемна кожа по раѓање или веќе имате тен, не пропуштајте да нагласите сексапил со облека во одредена боја. Во комбинација со чоколаден тен, белите предмети ќе ве натераат да изгледате блескави.