7 интересни факти за браќата и сестрите



Да живееш со брат или сестра, на моменти може да биде прилично досаднo и напрегнато искуство, но колку и да се зборува на оваа тема, несомнено најголемата вистина е дека врската помеѓу нив секогаш е многу посебна, а љубовта – незгасната. Одлично е чувството, кога знаеш дека можеш да се потпреш во секое време на некого со кого ја споделуваш половина ДНК.


Научниците спроведоа истражување со различни комбинации меѓу браќа и сестра и имаат воспоставено некои интересни факти.

Истражувањата покажуваат како браќата и сестрите можат да влијаат на вашата интелигенција, менталното здравје и височина.


1. Научниците утврдиле дека помалите браќа и сестри живеат подолго и имаат добра смисла за хумор.

2. Луѓето се склони да почнуваат врски со партнери, со кои имаат заедничка семејна средина. Односно, ако сте средното дете во семејството, многу е веројатно да изберете партнер, кој исто така е дете родено помеѓу постар/а и помлад/а брат или сестра.


3. Друга студија не запознава со интересниот факт дека мажите кои имаат поголеми сестри, се многу добри во разговорите и флертувањето со жените.

4. Присуството на поголеми сестри или браќа е поврзано со подобро ментално здравје.

5. Ако постариот брат е од аутистичниот спектар, има поголем ризик за развој на аутизам од помалиот брат. Истражувачите имале проблеми со пресметување на точното ниво на ризик.

6. Многу веројатно е постарите браќа и сестри да имаат малку повисок коефициент на интелигенција отколку помладите браќа и сестри.

7. Една студија спроведена во Велика Британија утврдила дека во семејства со четири деца, најмалото дете е речиси секогаш пониско.