Започна саемот на книга



Повеќе од 70 издавачи од Македонија и од странство од денеска до 18-ти април ќе се претстават на 28-от Меѓународен саем на книгата, што официјално беше отворен синоќа. На отворањето на кое како модератор се појави Игор Џамбазов, пред присутните се обрати директорката на Скопски Саем, Даниела Глигоровска, писателите Раде Силјан и Сашо Димоски, а изјава даде и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска. 


„Саемот на книгата веќе 28 години традиционално ги обединува домашните и странски изложувачи со љубителите на книгата, кое е доказ за успешноста и влијанието на оваа саемска манифестација. Од 12-ти до 18-ти април, сите читатели ќе имаат единствена можност да одберат интересни и уникатни наслови од познати и успешни автори од широката палета на присутните издавачи. Секоја година повеќе од 40 илјади граѓани нè посетуваат, сигурни дека ќе ја пронајдат совршената книга. За оваа година очекуваме рекордна бројка која ќе покаже дека и во Македонија сè уште се цени љубовта кон читањето. Изборот е голем, а ние сме сигурни дека нема да остане ниту еден посетител без барем неколку одбрани книги кои ќе ги однесе дома и ќе се нурне во светот на ликовите. Би сакала да ги поканам сите оние кои имаат долги листи на омилени дела, кои конечно ќе имаат шанса да ги пронајдат на овој саем и да си го исполнат своето ветување да ги прочитаат”, изјави извршниот директор на Скопски Саем, Даниела Глигоровска.

На Саемот, на еден од штандовите учество ќе земе и Здружението за Писатели – Манускрипт, каде ќе се продаваат книги од македонски автори, сепак што е наше и македонско – тоа вреди, ќе се продаваат најразлични книги за сечиј вкус и за секого, почнувајќи од романи, збирки кратки раскази до стихозбирки поезија.


На тој штанд на Здружението, меѓу сите писатели кои ќе учествуваат со своите дела, ќе се најде и првата книга стихозбирка поезија – Посилна од судбината на Наташа Алексовска.

За повеќе информации за околу нејзината книга на следниот линк – https://www.facebook.com/natasa.aleksovska.14/