5тиот Саем за венчавки од 13 до 15 март



Петтиот “Wedding Weekend” или Саем за венчавки и оваа година традиционално ќе се одржи во хотел Александар Палас од 13 до 15 март. За отворањето организаторот подготви специјална програма со настап на “Пламенка квартет”, модна ревија на венчаници и машки костуми и коктел. Ревијата ќе се одржи во фоајето на хотелот, каде излагачите ќе претстават модели од своите нови колекции.

Новитет, а воедно и раритет е што овој пат креациите ќе ги носат познати личности од македонската естрада. Саемот и оваа година ќе се обиде да им помогне во решавањето на дилемите на идните брачни парови, па освен венчаници и костуми ќе имаат можност да ги видат последните трендови за декорациите на свадба, фотографските услуги, специјалното осветлување, покани за свадба, шминка и фризура, накит, подароци за свадба, ресторани и др.

Влезницата за саемот е 60 денари, а се купува на самото место и е воедно ваучер кој ќе им овозможи попуст во текот на целата година кај нашите излагачи. Саемот е отворен за посетителите во сабота и недела 14-15 март од 09 до 21 часот.

Овогодинешни излагачи на саемот за венчавки се: Mcouture by Mila Kadriu, Атаеље Билиа, модната куќа Елена Лука, Атеље Нена Конели, Атеље Форевер, Атеље за венчаници Пепика, Dea Sposa, Атеље Лебед, машка мода Сињори, Italian style by Tives, Fabres, Tuc, Duni, Casamento, Fancy Marriage, цветен дизајн Јасмин, цветни декорации Грација, Гинекалис, фото студио Јасмина, продукција за свадбена кинематографија Flycam, свадбена кинематографија Мјелма, свадбено осветлување Клс, свадбено осветлување Инфомедиа, покани за свадба Bella Vita, Танчевски Комерц, Ботега инвенти, ресторан Маркиз де лукс, ресторан Амиго, ресторан Роџер Пиано, Александар Палас, Wedding Planer Ивана, накит и бисери Ристевски и др. На самиот евент ќе бидат претставени и неколку специјализирани возила за младенците (олдтајмери) .

Организатор на единствениот свадбен викенд во Македонија е интернет магазинот Во Бело www.vobelo.com. За подетални информации contact@vobelo.com.