Прва фотографија на Лео и Ријана заедно



Гласините за интимни односи меѓу Леонардо ди Каприо и Ријана, кои го зазедоа јавниот простор неколку месеци, сега веќе најдоа и визуелна потврда.


Двајцата конечно беа фатени заедно и фотографирани. Снимката е направена со лош квалитет, од роденденот на музичката ѕвезда Ријана. Во подготовките се вклучил и самиот Леонардо ди Каприо.

Сликата е најсигурниот доказ дека двете ѕвезди навистина имаат врска, иако неодамна 27-годишната пејачка беше поврзана интимно со добар пријател на актерот.


Според некои извори, сепак Ријана не го остава Леонардо долго сам и се обидува да го следи насекаде.