5 работи кои мажите не ги поднесуваат кај жените



Спротивностите се привлекуваат, но се си има некакви граници. Жените поседуваат куп квалитети и карактерни црти кои до ден-денешен остануваат мистерија за посилниот пол. Некои од господата успеваат да ги игнорираат и надминат, a други и не престануваат да ги вознемируваат.


Еве и што тој не толерира:

Тајните трикови за убавина кои во даден момент не се тајни


Градници со огромни влошки, вештачки трепки, мислите ли дека тоа е секси? Можеби оддалеку „да”. Еднаш ќе го излаже, но кога ќе излезете од бањата по бањарка, знаете ли тој како ќе се почувствува?

Женските кодови

Жените умеат да комуницираат на различни нивоа. И кога тој ќе се најде во друштво на две жени, кои вртат очи на посебен начин, или зборат за да не ги разбере, тој може веднаш  ќе посака да најде изговор за да ве напушти.

Статуси и мислења

Во женската природа длабоко е вградено озборувањето, фалењето, споделувањето, важничењето. Сето ова наоѓа огромно место во социјалната мрежа. Мажите сакаат повеќе приватност и ако се вмешате сериозно во интимниот простор на начин, тој сигурно нема да го одобри.

Позата

Излегувате на средба и секој 5 минути стоите во поза за селфи. Одите до тоалетот и се задржувате 20 минути?

Синдромот „Посвети ми внимание”

Со неа или без неа – се исто. Таа секогаш наоѓа начин да привлече внимание дали со нов статус или порака. Не дај Боже да го прескокнете комплиментот денес. Таа верува дека е центарот и вие нон-стоп треба да гравитирате околу неа.