5 места на кои сексот е опасен за здравјето



Сексуалниот живот со времето се претвора во рутина. Затоа голем дел од паровите прибегнуваат кон разни трикови за да се вратат во страста во врската.


Меѓу најчестите тактики за разгорување на искрата е сексот на необични места. Тој дефинитивно внесува адреналин и ја засилува возбудата, но сепак треба да изберете каде го правите, за да нема негативни последици.

Еве и кои места треба да ги избегнувате:


Во автомобилот, додека едниот вози – Подобро гледајте да е паркиран.

На песокот – Може и да ви изгледа романтично, но сексот на плажа е доста опасен за жените, тврди гинекологот Алиса Дуек. Причината е дека песокот предизвикува сериозна вагинална инфекција, која може да доведе до компликации во репродуктивниот систем на жените. Да не зборуваме дека следат болки.


Во шумата / тревата– На овие места може да има голем број инсекти, па дури и крлежи.

Во морето / базенот – Водата ги суши интимните делови, а освен тоа полна е со микроорганизми, кои можат да предизвикаат разни инфекции. Хлорираната вода во базените пак содржи специфични штетни бактерии.

На балконот – Дали е безбедно? Во Велика Британија постојат неколку смртни случаи во последните години на парови кои беснееле на балконот.