Добрите и лошите страни на утринскиот и вечерниот секс



Сексолозите составија листа со придобивките и негативностите од сексот во различни часовни појаси на деноноќието. Утринскиот секс на пример ја зголемувал плодноста, а навечер ги намалува тензиите по долгиот работен ден.

Сексот наутро ја намалува опасноста од срцев удар за 50%. Тој исто така ја подобрува циркулацијата и ја намалува главоболката, болките кај артритис и е одлична превенција од дијабетес.

Наутро квалитетот на спермата е многу подобар. Освен тоа будењето со партнерот ја подобрува циркулацијата на крвта и ја зголемува концентрацијата. Со утринскиот секс се одделува хормонот на среќата окситоцин, кој ви обезбедува добро расположение во текот на целиот ден. Истражувањата исто така покажуваат дека тој го подобрува имунитетот.

Најголемиот непријател на утринскиот секс е лошиот здив, а исто така и недостатокот на време, поради што љубовната игра речиси недостасува.

Вечерниот секс, освен дека ќе гонамали стресот по долгиот ден, согорува и многу повеќе калории – од 75 до 150 само за половина час.

Поголемиот дел од жените ги избираат ноќните бакнежи.