4 правила за одржување на интимната хигиена во лето



големените температури и жешките летни денови носат со себе и зачестено потење особено во делот на интимната зона. Токму затоа потребно е внимателно да го негуваме овој дел од телото.

Постојат 4 правила за одржување на хигиената на интимната зона на кои треба да се внимава:


1. Користете сапун без мириси

Благодарение на способноста вагината сама од себе да се чисти од нечистотиите, најдобро е да употребувате само обична вода. Сепак, доколку не сакате да се откажете од употребата на сапуни и гелови за миење, тогаш најдобро е да се одлучите за оние неутралните кои нема да наштетат на микрофлората. Доколку имате проблеми со непријатен мирис најдобро е да посетите гинеколог.


2. Внимателно одбирајте ја долната облека

Чипкастите, сатенските и синтетичките гаќи потребно и пожелно е во текот на летото да ги избегнувате. Ваквата долна облека ја задржува влагата во интимната зона која често како резултат на топлините може да предизвика појава на габични инфекции. Најдобар избор се памучните гаќички.

Страни: 1 2