Денес очекувајте портокалова фаза! Ќе биде најтоплиот ден во годината



Денес (30.07.2015) времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Во вечерните и ноќните часови кон петок ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со изолирана појава на дожд и грмежи.

Денес целата територија ќе се наоѓа под предупредувачка фаза (жолта и портокалова) поради високите дневните температури кои ќе се движат во интервал помеѓу 35 и 42 степени.