4 правила за одржување на интимната хигиена во лето



3. Употребувајте добри интимни влажни марамчиња


Со себе секогаш носете пакетче марамици за интимна нега. Истите неопходно е да бидат со неутрална pH вредност, да не содржат алкохол и да бидат биоразградливи.

4. Внимавајте на внатрешните влакна


Негативна појава од интимната депилација се внатрешните влакненца кои ниту една жена не ги посакува кога е време за носење на костим за капење. За да ја спречите појавата на внатрешните влакненца најдобро е два дена по восочната депилација да направите пилинг на интимната зона.

Никогаш не се обидувајте да ги скубете влакненцата бидејќи на тој начин бактериите кои се на вашите раце ги пренесувате на интимната зона и постои можност за појава на бактериски и габични инфекции.


Извор: velespress.com.mk

Страни: 1 2