3 посни јадења кои можете сами да ги направите



Македонска брза посна манџа


1 кеса замрзнат мешан зеленчук
1 морков
1 компир средна големина
5-6 беби домати
1 лажичка црвен пипер
1 лажичка мешан зачин (вегета)
1 мал филџан ориз
малку зејтин

На тивок оган се пропржува еден рендан морков и се додава ситно исецкан компир па се додава мешаниот зеленчук. Се пропржува се заедно неколку минути и се додаваат 5-6 филџани вода. Потоа се додаваат беби доматите и оризот. Се вари додека да се свари оризот и потоа се додава вегетата. На крај се запржува само со малку црвен пипер. Се служи со зелена салата или кисела зелена туршија.


Посни лазањи

Во големо тенџере сварете еден и пол литар соино или оризово млеко со една коцка маргарин, сол, рендано морско оревче и пола шоља брашно(треба да биде ретко како за палачинки). Во друго тавче испржете 1 кромид, 300гр.рендани моркови, 500гр.печурки (свежи или маринирани -по ваш избор, моја препорака е да користите свежи),200гр.соја трошки (предходно потопени во топла вода за да омекнат), зачинете со вегета, босилок, оригано, бибер, и додадете 500 мл доматно пире.


Во подмачкана подлабока тепсија редете:лазањи (не сварени) па од филот со зеленчук и доматно пире,па прелијте со реткиот бешамел, па повторно лазањи,фил, бешамел..се додека не се потроши се.На крај прелијте со останатиот бешамел и кога ќе се излади ставете да преноќи во фрижидер. Следниот ден печете во загреана рерна околу 60 минути.15 минути пред да бидат готови лазањите посипере со рендан посен кашкавал.

Лазњите можете да ги правите и со спанаќ или друг зеленчук како брокули или карфиол.

Крокети од грашок

•50 грама Презла
•1 Пиперка
•50 милилитри Масло
•4 чешниња Лук
• малку Ливчиња нане
•1 лажица/ци Кари
•30 милилитри Доматен сок
•50 грама Брашно
•100 грама Грашок
•малку Сол

Во еден подлабок сад со посолена вода ставете го измиениот грашок и варете го на умерена тмпература додека не омекне, водејќи сметка да не се превари. Сварениот грашок исцедете го и испасирајте го со вилушка, па оставете го да се олади.
Во порцеланска чинија измешајте го брашното, карито, тобаско сосот, ситно сецканиот црн лук, на коцкички исецкана пиперка и ситно исецкани листови нане. Подготвената мешавина ставете ја во оладениот грашок добро измешајте, па со лажичка земајте по малку од масата и обликувајте крокети. Секоја топка валкајте ја во презла и пржете ја на добро загреано масло, од двете страни за да порумени.
Вака подготвените крокети од грашок послужете ги со пикантентниот сос од нане.