Временска прогноза: Спремете се за обилни врнежи од дожд



Денес (05.09.2016) времето во Македонија во предпладневните часови ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност.


Во текот на попладневните часови облачноста ќе започне да се зголемува и доцна попладне ќе има услови за локален дожд проследен со ретки грмежи.

Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој ќе биде повеќе изразен во текот на денешнотопопладне.


Максималната температура ќе се движи во интервал од 25 до 32 степени.

Почнувајќи од вечер и во текот на ноќта кон вторник па се до крајот на неделата територијата на Македонија ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот.


Поради тоа се очекуваат чести врнежи од дожд кој ќе ги има над целата територија на Македонија.

На повеќе места врнежите ќе бидат ОБИЛНИ и се очекува поголема количина на наврнат воден талог.

Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилни врнежи од дожд, електрични празнења и засилен ветер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се предстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Исто така за време на електрични празнења да се избегнува разговор на мобилни телефони.

МОЖНИ СЕ ПОПЛАВИ: Поради обилните врнежи кои ни предстојат можна е појава на поплави па затоа навремено да се превземат соодветни мерки.

Од вторник (06.09.2016) температурите ќе бидат во големо опаѓање (ќе има пад на температурите за повеќе од 10 степени).

Временската прогноза ја подготви Славчо Попоски!